Профил profile for Габриела Стојаноска-Станоеска

Габриела Стојаноска-Станоеска

Габриела Стојаноска-Станоеска (Прилеп, 1978) магистрира на Катедрата за oпшта и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како наставничка по македонски јазик во родниот град и е главна и одговорна уредничка на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Ги има објавено збирките раскази „ГОЛА“ (2007) и „ПРИКАЗНИ ЗА КРАТКОСТА – раска(з)(ж)и за своја душа“ (2019); научната студија „КУСИОТ РАСКАЗ И СОНОТ - компаративни паралели низ призмата на неколку критички методи“ (2018) и збирката драми „ДРАМИ (ТРУДНИЦИ/ТАЈНИ)“ во 2020 г.
Има добиено повеќе награди, ќе спомнеме неколку: прва награда на конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, две први награди на двата конкурса за краток-краток расказ на интернет порталот Окно, откупна награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“, трета награда на конкурсот за краток расказ на Фондот на холокаустот на Евреите на Македонија. Во 2020 г. за нејзината втора збирка раскази ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“, а добивала и награди за раскази и песни на конкурсите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар, Мариовско-мегленски средби, „Маџирмаалски поетски бранувања“, на конкурсите за краток расказ на Организација на жените – Битола и НУБ „Св. Климент Охридски – Битола“ и други.
Застапена е со расказ во антологиите: Contemporary short story, BEST of Sarajevo Notebooks II., „Сто македонски раскази“ (Тренд, Феникс, Скопје), „Електролит 2007“ (Темплум, Скопје),„Приче за понети“ и „Најкраħе приче 2008“ (Алма, Белград), во малата антологија на современата македонска микрофикција „Летаат приказни“ (2019) и други.

Производи на Габриела Стојаноска-Станоеска