Профил profile for Сузана Ѓорѓиевска

Сузана Ѓорѓиевска

Сузана Ѓорѓиевска е родена, живее и работи во Прилеп.
Објавени дела: „Сенки“ (стихозбирка, 1997), „Срна“ (стихозбирка, 2005), „Сонувачот, купувачот и уште нешто“ ( роман за деца, 2008), „Влегување во песната“ (збирка раскази, 2019) и „Уплавната вода, тагата“ (стихозбирка, 2020).
Добитник е на голем број награди, меѓу кои: откупна награда на „Студентски збор“ за расказот „Мостот“; откупна награда на конкурсот за монодрама (Дом на култура-Битола) за монодрамата „Мегдан“ (2002 год.); прва награда за расказ на Здружението на просветни работници-литературни творци на Р.Македонија, за расказот „Под старата јаболкница“ (2008 год.); прва награда за есеј на списанието „Корени“, Куманово, за есејот „Мегдан“ (2008 год); наградата „Живко Чинго“ за расказот „Влегување во песната“ (2011 год.); наградата „Живко Чинго“ за расказот „Богу верен, в брани силен“ (2012 год); откупна награда за краток расказ на „Нова Македонија“ за расказот „Огледало“ (2012 год.) и др.