Профил profile for Филип Димкоски

Филип Димкоски

Филип Димкоски припаѓа на најмладата генерација литературни творци. Пишува поезија за деца и за возрасни. Ги објавил книгите: „Најхранливи зборови од детска душа дарови“, „Божилак на исконот“, „Заедно да растеме“, „Во градината има само љубов“ и „И каменот има душа“. Мотив што преовладува во поезијата на Димкоски е природата, со нејзините промени и човекот како најсовршена рожба на мајката Природа. Добитник е на неколку меѓународни награди за поезија во Израел, Хрватска, Србија и Бугарија, а за афирмација на образованието и на македонскиот јазик советот на Град Прилеп, му ја додели плакетата „3 Ноември“ во 2019 година.