Профил profile for ngegoska

Надица Гегоска

Надица Гегоска е дипломиран економист, професионално ангажирана како менаџер за човекови ресурси со успешна фирма. Вели дека уметноста, креативноста и љубовта кон рачните изработки се вродени во неа од самиот почеток, за што исто така сведочат бројните награди и признанија кои ги има добивано во текот на своето основно и средно образование (Награда на Малиот Битолски Монмартр).
Филигранството е техника која ја работи посветено, а креативниот процес на настанување на секое дело ја смирува и исполува.
Во изработката на секој филигран искористено е срмено конче, стаклени циркони и полубисери. Сите производи на Надица може да бидат прилагодливи во однос на дизајнот, боите, формата, односно да бидат направени по желба на купувачот. Одбраниот производ испорачуван е во 3Д-рамка во бела или црна боја, исто така по избор на купувачот.
Доколку бараниот производ го нема во залиха, времето на исчекување е 2 до 5 денови.