Профил profile for Bojana Artinovska

Бојана Артиновска Трпческа

Запознајте ја Бојана Артиновска Трпческа, уметник, мајка на три деца, сопруга на актерот Игор Трпчески, која веќе 15 год. живее и твори во Прилеп. Потекнува од уметничко семејство од Велес и од најрана возраст се посветува на нејзиниот животен позив. Завршува сликарство на факултетот за ликовна уметност, во класата на проф.Родољуб Анастасов. Ги работи сите сликарски техники, масло, акрилик, пастел, акварел и комбинирана техника. Има остварено четири самостојни изложби и повеќе групни. Активен член е на ДЛУП, ДЛУБ и од оваа година на ДЛУМ.

“Го сликам начинот на кој го чувствувам светот околу мене. Сакам да сведочам за универзалната поврзаност на нештата, човекот со природата и сите живи суштества. Кога ќе забележам дел од реалноста кој ми се допаѓа, ги земам неговите основни вредности: боја, форма, релација во простор и време. Ги набљудувам сите промени што живеат во тој простор. Сите овие вредности се раѓаат повторно во мене. Станувам дел од самата слика, а сликата станува дел од поголемата слика.“