Профил profile for dvelkoska

Драгица Велкоска - Даци

Драгица Велкоска-Даци родена е во Велес, но живее во Прилеп. Има завршено средно економско училиште, меѓутоа отсекогаш повеќе ја привлекува дизајнирањето и изработувањето на уникатни модни парчиња облека, како и изработка на разни декорации. Пасијата, полека ја претвора во своја професија и отвора сопствен прекрасен дуќан/студио АРТ СТОРЕ, во којшто може да се најдат рачно цртани чаши, рачно цртани тањири, рачно цртани и изработени ТОТЕ торби, цртани ташни, како и сувенири од глина со македонски етно-мотиви. Посетувајќи го нејзиното студио во Прилеп (старо Хемиско чистење, позади Леоне), можете да купите од веќе изложените производи, или пак, да разговарате за вметнување на вашата идеја во настанување на производот наменет за вас или за вашите блиски.
Доколку производот што сакате да го нарачате не е достапен во залиха, времето на исчекување е од 2-5 денови.