Профил profile for spanoska

Снежана Паноска

Снежана Паноска родена е 1955 г. во Струмица, но веќе одамна живее, твори и ужива во своето прилепско секојдневие. По занимање е Дипломиран економист, а работи и твори уште од најмладите години. Има објавено пет стихозбирки поезија „Песни од мојата душа“, „Илјада ѕвезди“, „Слики од животот“, „Животен копнеж“, „Брзозборливо“ и „Светулки“. Последните две се стихозбирки за деца. „Приказни од животот“ е нејзината прва збирка раскази. Добитничка е на повеќе награди за поезија и кратки раскази, како и на видното признание на град Прилеп, односно „3то Ноемвриска награда“, за посебен придонес во литературата и културата во 2018 г.