Ски-центар

Ски-центар

Ски-терените во Крушево се наоѓаат во близина на градот и се поврзани со една жичарарница. Има 3 стази за скијање од кои две се со ски-лифт и се за почетници, додека стазата која се наоѓа под самата жичарница наменета е за напредни скијачи. Исто така, има патеки за нордиско трчање. Скијачките клубови од Крушево организираат школи за скијање за почетници, со изнајмување на комплетна ски-опрема. На самите терени ски-опремата може да биде изнајмена и има две места за одмор Скаут и Шапе, каде можете да се напиете чај, кафе, варено вино и/или да порачате храна.