Село Зовиќ

Село Зовиќ

Село Зовиќ е лоцирано во Општина Новаци, на 50 км од Битола. Во Близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај – Зовичкиот Мост.

Мостот е изграден 1955/56 г. на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на еден локален селанец, кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот (постоечкиот) мост од мајсторот Џуладин од Струга.

Воодушевен од убавината на мостот, најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски, сними дел од својот филм „Прашина“, токму на ова место.

Под мостот на една висока карпа е насликан светецот Свети Ѓорѓи, како еден вид на остаток од црквичето кое постоело таму.