Спомен-куќа на Блаже Конески

Спомен-куќа на Блаже Конески

Спомен-куќата е семестена на северната страна од селото Небрегово и претставува двокатна камена градба која веројатно своевремено била една од поубавите куќи во селото. Во неа изложени се експонати и личните предмети на семејството на Блаже Конески, како и бројни негови фотографии и публикации.

На приземјето во спомен-куќата се собите со етнолшка поставка кои го отсликуваат периодот кога Конески се родил и живеел. Во некогашната пондила или штала, каде што се прибирале коњите и магарињата, има поставено клупи и изложбена поставка со многу дипломи, признанија и писма на Конески, негови скулпторски и ликовни портрети, неговите капиталните изданија, како и паноа посветени на важните периоди од животот на Конески. 

На горниот кат е работната соба на Конески, префрлена од монтажната барака на Водно, која во потполност ја оддава скромноста на Великанот. Три витрини со книги, биро со машина за чукање и мермерна мастилница, и кревет. Во куќата има и балкон од каде што се гледа венец од планините околу селото.

Конески е основоположник на современиот македонски книжевен јазик, еден од основачите на МАНУ, голем поет, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Користени извори: 

https://www.reper.net.mk/2021/01/10/кон-сеќавања-на-конески-спомен-куќата/

http://www.prilepinfo.mk/mk/muzei/memorijalen-muzej/spomen-kukja-blazhe-koneski

Фото: Јавен Простор Прилеп

 

, , , , ,