Кајмакчалан

Кајмакчалан

Кајмакчалан (2520 m) е највисок врв на планината Ниџе. Планината Ниџе која се протега на јужниот дел на Македонија, е атрактивна локација за многу посетители и туристи, а тоа е поради богатата историја и природните убавини. Врвот Кајмакчалан просторно се наоѓа во средишниот дел на планината, на самата граница со Република Грција.

Врвот е голен, стрмен посебно кон долината на Коњарка на север и релативно пристапен, бидејќи до него води макадамски пат кој започнува кај с. Скочивир, Битола. Потоа патот до самиот врв е само за најхрабрите авантуристи. До таму се стигнува само со теренско возило, или пешки, но само за најидржливите. Во близина има интересни денудациски форми, а северно се воочливи траги од еден поголем цирк.

Историско значење на врвот

Врвот Кајмакчалан има свое високо историско значење за европските народи. Токму на оваа планина во 1916 година, се одвивла познатата битка за Кајмакчалан за време на Првата светска војна. Како историска атракција, на познатиот Македонски или Солунски фронт денес, може да се посетат големиот број на споменици, бункери и гробови, кои се цврст доказ за тоа време. Врвот е познат по Кајмакчаланската битка која се водела помеѓу српските и бугарските војници во Првата светска војна. Кај Бугарите, врвот е познат како Борисов Град, а кај Србите како Порта на слободата и Праг на татковината.

Легенда за Рудолф Арчибалд Рајс

Црквата „Св. Петар” чува и една легенда за Рудолф Арчибалд Рајс, којшто по неговата смрт во 1928 година посакал неговото срце да биде обвиткано во злато и сместено во посебна урна во црквата на Кајмакчалан. Доктор Рајс, како што е познат помеѓу локалното население, не бил лекар, туку професор, криминолог, фоторепортер и дописник за весници во неколку земји, известуваќи директно за настаните од фронтот. „Одвреме-навреме ветерот ги растерува облаците и маглата и тогаш пред себе ја имаме најубавата панорама што може само да се замисли" - пишува Рајс во книгата „Што видов и доживеав во големите денови”.

,