Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ

Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ

Доколку сакате да ја доживеете долгата традиција на македонскиот селски живот и да имате автентичен одмор во руралните предели на Мариово, Етно куќата „Кај Мостот“ е вистинскиот избор за Вас.

Тука имате можност да вкусите богат избор на традиционални јадења од регионот Мариово, приготвени на традиционален начин.

За посетителите кои сакаат да побегнат од урбаниот хаос, куќата има на располагање 4 автентично уредени соби со вкупно 11 кревети, заеднички тоалет во објектот и плус 2 тоалети надвор.